Top Sport

Атлетико излета од Лигата на шампиони, но и од Лига Европа!

Кога Атлетико Мадрид беа извлечени во групата Б од Лигата на шампиони против Порто, Баер Леверкузен и Клуб Бриж, многу љубители на фудбалот коментираа дека добија екстремно лесна група. Шест меча подоцна, тимот на Диего Симеоне не само што не успеа да се квалификува за осминафиналето на Лигата на шампиони, туку по 2:1 поразот и беше последнопласиран во својата група, испаѓајќи од игра и за Лига Европа.

Да избегнат ваква ситуација им беше потребно „само“ да победат на гостувањето на „Драгао“ кај Порто, но наместо тоа по само дваесетина минути игра губеа со 2:0. Мехди Тареми по само пет минути игра успеа да го совлада Јан Облак, а во 22. минута Стивен Еустакио донесе 2:0 предност за тимот на Сержо Консеисао. Иван Маркано во 93. минута од мечот си постигна автогол за да даде надеж на „рохибланкос“ дека во драматична завршница ќе дојдат до израмнување, но тоа не се случи.

Во Германија пак, Баер Леверкузен на Чаби Алонсо одигра 0:0 со изненадувањето на групната фаза, Клуб Бриж, резултат кој беше доволен да се израмнат со бројот на поени (5) со Атлетико, но бидејќи имааат подобар меѓусебен скор (2:0 домашна победа и 2:2 во Мадрид), „фармацевтите“ ќе продолжат во Лига Европа. Порто го освојува првото место со 12 поени, Бриж се втори со 11 освоени поени.

ГРУПА Б, 6.КОЛО
Порто – Атлетико Мадрид 2:1
Баер Леверкузен – Клуб Бриж 0:0


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top