Top Sport

Атлетико ја одбиле можноста да ги донесат Ракитиќ и Суарез

Атлетико Мадрид ја одбиле можноста во преодниот рок да ги донесат од Барселона Иван Ракитиќ и Луис Суарез, тврди американскиот ЕСПН.

Според овој извор од две причини Атлетико не сакале да ја прифатат понудата од Барселона.

Наводно нивните профили не одговарала на стилот на игра што го форсира Диего Симеоне. Исто така Атлетико не биле во можноста да им понудат плати какви што имале во Барселона.

Ракитиќ во меѓувреме се врати во Севиља, додека Луис Суарез се уште е во Барселона иако клубот нема да смета на неговите услуги.

Уругваецот најчесто се поврзува со Јувентус, но не е исклучена можноста сепак да заврши во Атлетико, бидејќи според италијанските медиуми прашање на време е кога Един Џеко ќе потпише договор со „старата дама“.

Scroll to Top