Top Sport

Ѓоковиќ го интересира само еден рекорд

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ открил која ќе биде неговата најголема цел до крајот на кариерата. Ѓоковиќ оваа недела ја започна 286 недела на чело на АТП листата. Тој се израмни со Пит Сампрас, а пред него е само Роџер Федерер (310).

Српскиот тенисер рекол дека негова цел не е да го собори овој рекорд на Федерер дека има многу повисока цел.

„Целта останува иста, да освојам најмногу Гренд слем титули. Да го соборам рекордот на Федерер“, изјавил Ѓоковиќ во Рим.

Тој има 17 Гред слем трофеи, еден помалку од Рафаел Надал и три од Федерер.

На Ју-Ес опен Ѓоковиќ доживеа дисквалификација, а нова можност за Гренд слем торфеј ќе му биде Ролан Гарос.

„Рафа е фаворит, а зад него е Доминик Тим“, рекол Ѓоковиќ.

Светскиот број 1 оваа недела ќе учествува на мастерсот во Рим, негов противник во второто коло ќе биде победникот од мечот помеѓу Тенис Сангрен и Салваторе Карусо.

Scroll to Top