Top Sport

Атлетико ја одреди цената за Жоао Феликс

Атлетико Мадрид пред еден месец го испрати незадоволниот Жоао Феликс на позајмица во Челси. По завршувањето на сезоната Португалецот мора да се врати во Мадрид, бидејќи клубот нема намера лесно да се откаже од него. „Мундо депортиво“, тврди дека Атлетико за Феликс ќе бара оштета од 140 милиони евра. Во неговиот договор откушната клаузула изнесува 350 милиони евра.

Жоао Феликс стана играч на Атлетико Мадрид во 2019 година. Беше платен 126 милиони евра, но не се вклопи добро во системот на тренерот Диего Симеоне.

Жоао Феликс за Атлетико одигра вкупно 131 натпревар и постигна 34 гола. Со овој клуб го освои шампионскиот трофеј во 2021 година.

Неговиот договор со Атлетико истекува во 2027 година.

Scroll to Top