Top Sport

Серија А: Наполи се врати на врвот, Фацио е херојот на Рома

Наполи го искористи првиот првенствен пораз на Интер и се врати на лидерската позиција во Серија А, а во борбата за титулата по 17.коло се вклучи и Рома по драматичната победа над Каљари.

Наполитанците гостуваа кај Торино и за половина час го декласираа домаќинот. Кулибали по четири минути игра го постигна првиот гол, потоа Зјелински во 25.минута ја искористи совршената асистенција на Жоржињо, а Хамшик во 30.минута зголеми на 3:0.

Честа на Торино ја спаси Белоти со голот во 65.минута.

Рома на „Олимпико“ долго се мачеше со одличниот Каљари, Пероти не реалзиира пенал на почетокот на второто полувреме, а херој на „волчицата“ стана Фацио кој во 94.минута го постигна единствениот гол.

Наполи е лидер на табелата со 42 бода, два повеќе од Интер, додека Јуветус со натпрвевар помалку и Рома имаат по 38 бода.

Scroll to Top