Top Sport

Атлетико ќе му го продолжат договорот на Мората со намалена плата

Атлетико Мадрид ќе му го продолжат договорот на 30-годишниот напаѓач Алваро Мората на уште три години, за да го задржат по интересот на Јувентус и Милан, јавува „Марка“.

Мората имаше 15 гола и 3 асистенции во 46 меча за Атлетико оваа сезона, просечен резултат за фудбалер кој последните две години ги помина како позајмен играч во Јувентус.

Според „Марка“, Мората ќе се согласи на намалување на платата бидејќи е задоволен од својата позиција во клубот и не сака да се сели од неговиот роден град.

Scroll to Top