УЕФА, на денешната ждрепка во Нион, ги одреди двојките за осмина-финалната фаза во Лигата на шампионите. Од фаворитите најлесно помина Манчестер сити, кого го очекува пресметка со Шалке, додека дерби мечеви во оваа фаза ќе бидат дуелите Атлетико Мадрид-Јувентус и Ливерпул-Баерн Минхен.
Лига на шампиони, осмина-финале:
Шалке-Манчестер сити
Атлетико Мадрид-Јувентус
Манчестер Јунјтед-Пари Сен Жермен
Тотенхем-Борусија Дортмунд
Лион-Барселона
Рома-Порто
Ајакс-Реал Мадрид
Ливерпул-Баерн Минхен
Првите осмина-финални натпревари ќе се одиграат на 12. и 13., односно на 19. и 20. февруари, а реваншите на програмата ќе бидат на 5. и 6., односно на 12. и 13. март.