Top Sport

Атлетико ќе плати 30 милиони евра за Желсон Мартинс

Спортинг Лисабон и Атлетико Мадрид ја договориле сумата која шпанскиот клуб ќе треба да ја исплати како обесштетување за Желсин Мартинс.

Португалскиот репрезентативец беше еден од неколкуте играчи што решија да го напуштат Спортинг по завршувањето од сезоната, откако во финишот на првенството два пати имаа „блиска“ средба со хулиганите.

Покрај насилничкото однесување на навивачите кон играчите, Спортинг имаше и организациски проблеми, поради што беше сменет претседателот Бруно де Карваљо.

Мартинс и неколку други фудбалери ја искористија оваа лоша ситуација во клубот и еднострано ги раскинаа договорите со клубот. Тој замина од Лисабон и се пресели во Атлетико Мадрид.

Спортинг на „Јорганџиите“ им се закани со тужба, доколку не платат 60 милиони евра, колку што била клаузулата во договорот на Мартинс. Потоа сумата била намалена на 45 милиони евра.

Атлетико пак нудел 15, 17 и 20 милиони евра, а на крајот клубовите ја дефинирале сумата од 30 милиони евра што ќе ја добие Спортинг, а случајот нема да заврши на суд.

Инаку, Спортинг од исти причини треба да добие и 20 милиони евра од трансферот на голманот Руи Патрисио кој од летово е нов играч на Вулверхемптон.

Scroll to Top