Top Sport

Перез: Роналдо ќе се врати во Мадрид

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е сигурен дека Кристијано Роналдо ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“, како наследник на легендарниот Алфредо ди Стефано.

Португалецот во летниот преоден рок замина во Јувентус, а Реал од неговиот трансфер заработи 100 милиони евра.

„Кристијано е во срцата на сите навивачи на Реал Мадрид. Да го видев тука ќе го прегрнев. Тој е наследникот на Ди Сетфано и сигурен сум дека еден ден ќе се врати во Реал“, им изјавил Перез на новинарите во Лондон, на доделувањето на наградите на ФИФА.

Легендарниот Ди Стефано по завршувањето на кариерата, беше тренер на Реал во перидот ос 1982 до 1984 година.

Scroll to Top