Top Sport

Атлетико лесно со Хетафе (Видео)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид, вечерва, го совладаа градскиот ривал Хетафе со 2:0. Најзаслужен за вториот триумф на Атлетико во првенството беше Тома Лемар.

Атлетико, со оглед на формата во која се наоѓа, полсено од прогнозите забележа победа на „Колосеум“ стадионот во Мадрид. „Јорганџиите“ од доаѓањето на Диего Симеоне на тренерската позиција против Хетафе имаат 12 победи и само едно реми и нневеројатна гол разлика 25:0.

Првиот гол на мечот беше постигнат во 14.минута. Лемар испрати проектил од 25 метри, топката удри во гредата, а потоа и во грбот на голманот Сорија и заврши во мрежата.

Во второто полувреме, Лемар во 60.минута со гол го заврши брилијантниот тимски контра напад.

Хетафе мечот го заврши со играч помалку, бидејќи Алена кој во играта влезе во 64.минута во 68. доби црвен картон.

Во наредната рунда Атлетико ќе игра против Уеска, а Хетаве ќе гостува кај Алавес.

Алавес, попладнево во Мадрид, го декласира Рајо Ваљекано со 5:1. Домаќинот водеше со 1:0, а потоа играчите на Алавес постигнаа пет гола.

Еибар со голот на Кике го совладаа Леганес со 1:1.

Селта не успеа да ги освои трите бода против Ваљадилид иако имаше предност од 2:0 и 3:1. мечот заврши 3:3, а бод на Ваљадолид му донесе Суарез во 94.минута.

Scroll to Top