Top Sport

Атлетико лесно со „отпишаниот“ Монако, Локомотив ги прати Порто и Шалке во осминафинале (видео)

Првите два меча од петтото коло на Лигата на шампионите во средата не донесоа некои изненадувања, откако Атлетико Мадрид со 2:0 го победи Монако на Тјери Анри, а Локомотив Москва со 2:0 го победи Галатасарај, завршувајќи му ги надежите за пласман во осминафиналето.

Во групата А, Атлетико по 25 минути игра го реши победникот, откако прво Беноа Бадиашил си постигна автогол уште во втората минута, за Гризман во 24. минута да ги постави конечните 2:0. Во финишот на натпреварот, Монако имаа шанси да намалат по играњето со рака на Савиќ во шестнаесетникот, но Фалкао го утна пеналот. Со ова се продолжува мизерната низа на Тјери Анри на клупата на Монако, кои немаат освоено ниту еден поен во ЛШ оваа сезона.

 

Во групата Д пак, Локомотив со 2:0 беше подобар од Галатасарај за прва победа оваа сезона во ЛШ и крај на надежите на Галата дека можат да изборат пласман меѓу најдобрите 16. И пред вечерашниот дуел, Порто и Шалке се сигурни патници во осминафиналето.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5.КОЛО

ГРУПА А

Атлетико Мадрид – Монако 2:0

Табела: Атлетико М 12, Борусија Д 9, Бриж 4, Монако 0

ГРУПА Д

Локомотив Москва – Галатасарај 2:0

Табела:  Порто 10, Шалке 8, Галатасарај 4, Локомотив М 3

Фото: ЕПА

АТЛЕТИКО МАДРИД – МОНАКО

ЛОКОМОТИВ МОСКВА – ГАЛАТАСАРАЈ

Scroll to Top