Top Sport

Атлетико Мадрид го продава Родриго де Пол

Атлетико Мадрид може да го продаде светскиот шампион Родриго де Пол. За ваков трансфер е заинтересиран Лацио, а раководството ќе почне со преговори.

Шпанскиот клуб е подготвен да продаде еден од играчите од средниот ред за да направи простор за нов дојдовен трансфер. Де Пол не се најде на „црната“ листа за продажба, но со овој интерес од „римските орли“ ситуацијата се менува.

Аргентинецот имаше сериозна улога во селекцијата на Лионел Скалони за СП 2022 година, но се чини дека не успеа да го покаже истото влијание и во тимот на Атлетико Мадрид.

Серија А не е непозната за Де Пол, во минатото беше фудбалер на Удинезе.

Scroll to Top