Атлетико Мадрид се приклучи на Севилја во „трката“ за услугите на напаѓачот на Челси, Алваро Мората, јавува порталот „Гол“, откако стана извесно дека Шпанецот ќе го напушти „Стемфорд бриџ“.
Се очекуваше Севилја, кои се борат со Атлетико и Барселона за титулата во Шпанија, да се договорат за позајмица со опција за постојан трансфер, и клубот е подготвен да плати 140.000 фунти неделно за Мората, но Челси не сакаат да додадат опција за постојан трансфер.
Според „Гол“, луѓето на Мората во последните 48 часа се сретнале со првите луѓе на Атлетико, клубот каде што од 2005 до 2007 година Мората беше дел од младинската академија, пред да се пресели во Хетафе, а потоа во Реал Мадрид.
Мората би бил презадоволен да се врати дома во Мадрид, кај своите пријатели и семејството, а Диего Симеоне е подготвен да работи со него посебно по повредата на Диего Коста. 26-годишниот Мората имаше 5 гола во 16 настапи во Премиер лигата за Челси оваа сезона и два во Лига Европа.
Фото: ЕПА