Top Sport

МЗТ го „освои“ Ловќен!

МЗТ Скопје Аеродром стигна до убедлива 67:85 (16:22, 19:16, 13:24, 19:23) победа на гостувањето кај Ловќен во 15. коло од АБА2-лигата за победнички старт на новата година и враќање на победите и борбата за пласман во плеј-офот за влез во АБА лигата.

Ова е 10. победа на „металците“ во втората лига од регионалното натпреварување и доаѓа по два порази, и сега МЗТ останува на второто место во лигата со големи шанси за плеј-оф.

Победата беше обезбедена на почетокот на второто полувреме, откако момците на тренерот Ѓорѓи Кочов доминираа во третата четвртина која ја добија 24:13. Најдобар стрелец за МЗТ беше Андрија Бојиќ со 24 поени, додека новото засилување Предраг Самарџиски имаше 9 минути игра и 4 поени. За домаќините Алекса Поповиќ даде 17 поени.

Фото: АБА лига

Scroll to Top