Top Sport

Атлетико му посака добредојде на Галагер

Заврши загата околу трансферот на Конор Галагер. Англискиот репрезентативец од Челси се пресели во Атлетико од Мадрид. Англичанецот минатата недела ги ина лекарските прегледи, но откако заглавија преговорите меѓу клубовите Челси го врати во Лондон. Трансферот на Жоао Феликс во Челси му ги отвори портите на „Метрополитано“ на Галагер.

Конор Галагер синоќа пристигна во Мадрид, а претпладнево го одработи првиот тренинг со тимот. Во текот на денот оицијално ќе им биде претставен на навивачите.

Галагер со Атлетико потпиша договор со јуни 2029 година. Челси од неговиот трансфер заработи 40 милиони евра.

Галагер (24) откако се приклучи на академијата на Челзи на осумгодишна возраст, помина повеќе од една деценија во младинската академија. Тој отиде на позајмица во Чарлтон Атлетик во 2019 година, каде што забележа 26 настапи, имаше учинок од шест гола и четири асистенции, потоа се пресели во Свонси (21 настап и седум асистенции), Вест Бромвич Албион (32 настапи, два гола и две асистенции) и конечно Кристал Палас, каде навивачите го прогласија за играч на сезоната откако постигна осум гола и забележа пет асистенции на 39 натпревари.

За првиот тим за Челзи дебитираше во август 2022 година и оттогаш одигра 95 натпревари, постигна 10 гола и запиша 10 асистенции.

За Англија дебитираше во ноември 2021 година и беше повикан за Светското првенство во 2022 година и Европското првенство оваа година, во кое стигна до финалето со својата земја.

Галагер е четвртото големо засилување на Атлетико ова лето по Александер Серлот, Робин ле Норманд и Хулијан Алварез.

Scroll to Top