Атлетико Мадрид го потврдија трансферот на Луис Суарез од Барселона, потпишувајќи двегодишен договор со „рохибланкос“.
Суарез пристигнува во шпанската престолнина по шест сезони со Барселона, но и со горчина во устата по конфликтот со управата и со новиот тренер Роналд Куман, кој веднаш во двеминутен телефонски разговор му кажа дека не е пожелен во клубот. Денеска, се јави и Лионел Меси со свој коментар дека Суарез „не го заслужувал тоа“ што го добил од Барса по сите голови кои ги постигна со клубот во кој е трет најдобар стрелец со 198 голови во 283 меча.
Се верува дека Атлетико платиле само 6 милиони евра за неговиот трансфер, откако можноста да замине во Јувентус пропадна поради долгиот процес за добивање на италијански пасош.
? @LuisSuarez9 ?
? #AúpaAtleti pic.twitter.com/mLcTrBZQPG
— Atlético de Madrid (@atletienglish) September 25, 2020
??????. ??????. ?????????.
✍ @LuisSuarez9 has signed his contract and is officially a Red & White player ?
? ???????!
? #AúpaAtleti pic.twitter.com/E3susK5spa
— Atlético de Madrid (@atletienglish) September 25, 2020
Меси критикува: Во Барса ништо повеќе не може да ме изненади