Top Sport

Атлетико не го дава врвот, пак се врати на +5 пред Барса

Атлетико Мадрид стигна до гостинска 0:2 победа кај Вилјареал за да ја продолжи низата на „жолтата подморница“ без победа, и да се врати на +5 предност пред Барселона на врвот на Ла лига, и тоа со натпревар помалку.

На „Керамика“, тимот на Диего Симеоне дојде во водство во 25. минута со автоголот на Алфонсо Педраза, а победата беше потврдена во 69. минута преку Жоао Феликс.

„Рохибланкос“ имаат 58 поени од 24 меча, пред Барселона со 53 од 25 меча и Реал Мадрид со 52 од 24 меча. Вилјареал се на седмото место со 37 поени.

Scroll to Top