Атлетико Мадрид, со играч помалку, освои бод против Реал на „Сантихаго Бернабеу“. Атлетико со играч помалку имаше предност од 78.минута, но не успеа да победи. Реал од пораз го спаси Алваро Родригез.
Атлетико со играч помалку остана во 64.минута кога Анхел Кореа доби директен црвен картон. Аргентинецот се бореше за позиција со Ридигер, откако падна на тревата, судијата Хесус Хил Манзано веднаш го извади црвениот картон.
По мечот тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, го коментирапе моментот од 64.минута.
„Контактот не е удар, Ридигер има метар и 94 сантиметри и таков брутален удар.. Остана да седи и кога го виде црвениот картон веднаш стана. Жолт можеби, но црвен… Ако се суди така, нема да остане ниту еден играч на теренот. Добро би било сите да се натпреваруваме на ист начин“, изјави Чоло по натпреварот.
„Јорганџиите“ веруваат дека се оштетени, на официјалниот „Твитер“ профил нивниот администратор напиша: „Ништо ново на Бернабеу“ по исклучувањето на Кореа.