Top Sport

Атлетико одбилe 100 милиони евра од Сити за Хименез!

Атлетико Мадрид ја одбиле понудата на Манчестер сити од 100 милиони евра за нивниот дефанзивец Хозе Хименез, тврдат шпанските медиуми, кои додаваат дека единствен начин Уругваецот кој има договор до 2023 да замине е да се исплати клаузулата од 120 милиони евра.

Според „Марка“, 25-годишниот Хименез нема проблем да остане во Атлетико, а директорот на клубот, Мигуел Анхел Хил Марин им дал инструкција на првите луѓе во клубот да не прифаќаат понуда под 120 милиони евра до крајот на преодниот рок на 5 октомври.

Хименез е во Атлетико веќе шест години и многумина го сметаат како лидер на тимот иако не е капитен. Минатата сезона, пак, не беше најдобра за него поради повредите и тој имаше само 20 настапи во Ла лига.

На Сити им е потребно засилување на одбраната која не е иста по заминувањето на Винсен Компани минатото лето, и иако потрошија 41 милиони фунти на Нејтан Аке од Бурнемаут, Гвардиола бара уште едно засилување, со Калиду Кулибали од Наполи како прва цел, а Хименез како можна замена.

Scroll to Top