Top Sport

Игуаин ќе биде најплатениот фудбалер во МЛС лигата

Гонзало Игуаин ќе стане најплатениот фудбалер во американската МЛС лига кога ќе се договори со клубот на Дејвид Бекам, Интер Мајами, тврди американскиот весник „Мајами хералд“.

Аргентинскиот напаѓач веќе доби 3 милиони евра од Јувентус за да се раскине неговиот договор една година предвреме, а сега во Интер од Флорида тој ќе заработува основна плата од 7 милиони долари, за половина милион долари повеќе од парите кои Бекам ги добиваше во петте сезони во Лос Анџелес галакси.

32-годишниот ветеран ќе потпише двеиполгодишен договор со најновиот МЛС тим и ќе биде поблиску до својот брат Федерико, кој веќе осум години игра во МЛС во тимовите на Колумбус кру и Ди Си јунајтед. Иако договорот не е официјализиран, ко-сопственикот на „Херонс“, Хорхе Мас веќе се фотографираше со Игуаин пречекувајќи го на аеродромот во Мајами.

Scroll to Top