Откако ја одбиле понудата на Манчестер јунајтед од 130 милиони евра за Жоао Феликс, челниците на Атлетико Мадрид истото го направиле и со понудата која од Челси ја испратиле за Маркос Љоренте.
Играчот од средниот ред го засили Атлетико во 2019 година. Тогаш клубот издвои 40.000.000 евра за неговиот трансфер од редовите наградскиот ривал Реал. Истата сума ја понудиле од Челси.
Атлетико, поточно спортскиот директор Хил Марин без размислување ја одбил понудата.
Маркос Љоренте е еден од омилените играчи на тренерот Диего Симеоне. Тој даде со 12 гола и 11 асистенции даде голем придонес во освојувањето на шампионската титула во сезоната 2020/2021.
Договорот на Љоренте со Атлетико истекува во јуни 2024 година.