Атлетико Мадрид го доживеа првиот пораз сезонава во Ла Лига. Екипата на Диего Симеоне е поразена на „Аноета“ од Реал Сосиедад со 2-0.
Лидерот одигра лош натпревар во Сан Себастијан, а поразот е резултат на потесната одбрана.
Во 54 минута топката по ударот на Едегард го погоди Савиќ во ногата, го смени правецот и заврши зад грбот на Облак. Три минути подоцна Словенецот лошо реагираше, на одбиената топа налета ветеранот Начо и погоди за 2-0.
По пат Начо го повреди голманот на Атлетико кој мораше да ја напушти играта.
До крајот Атлетико имаше две добри шанси за постигнување гол, меѓутоа ударите на Витоло и Химензе одлично ги одбрани поранешниот голман на „јорганџиите“ Моја.