Top Sport

Бод за Баерн во Лајпциг (Видео)

Лајпциг и Баерн одиграа нерешено 1-1 во дерби мечот одигран во рамките на четвртото коло во Бундеслигата. По овој меч Лајпциг останаа на челната позиција со 10 бода, еден повеќе од Борусија Дортмунд и два повеќе од Баерн.

Дуелот во Лајпциг беше решен во првото полувреме кога беа постигнати головите. По само три минути асистенцијата на Томас Милер во гол ја претвори Роберт Левендовски. Нешто подоцна Полјакот не успеа да реализира две шанси за зголемување на водството.

Во финишот на првиот дел Баерн доби пенал, но одлуката беше поништена по консултацијата со ВАР-собата. Кога Баерн не доби пенал тоа се случи на спротивната страна, по прекршокот на Лукас Ернандез над Забицер. Сигурен реализатор беше Емил Форсберг.

Во второто полувреме имаше шанси на двете страни, а за издвојување е спектакуларната одбрана на Нојер по ударот на Забицер.

Scroll to Top