Top Sport

Атлетико победи во Елче, домаќинот промаши пенал во 92.минута

Фудбалерите на Атлетико Мадрид во Елче забележаа важна победа во борбата за титулата. „Јорганџиите“ со минимален резултат го победија Елче.

Атлетико, домнинираа во текот на целиот натпревар, но постигнаа само еден гол. Маркос Љоренте го совлада Газанига во 23.минута. Пет минути претходно ВАР го поништи голот на Луис Суарез.

Во финишот на првиот дел Атлетико добија пенал, но судијата Мелеро го поништи по консултацијата со колегите од ВАР собата.

Во вториот дел Атлетико не успеаја да го решат мечот, па можеа да бидат казнети во 92.минута. Елче добија пенал, меѓутоа ударот на Фидел заврши во стативата.

Scroll to Top