Top Sport

Атлетико подготвени да го дадат Феликс на Јунајтед, но со обврска за купување за 70 милиони фунти

Атлетико Мадрид се подготвени да го „пратат“ Жоао Феликс во Манчестер јунајтед за 9.5 милиони фунти позјамица, но само ако премиерлигашот се обврзе да го купи Португалецот за 70.5 милиони фунти на крајот на сезоната.

Се очекува Феликс да си замине од „Метрополитано“ овој месец по конфликтот со тренерот Диего Симеоне, и наводно за него се заинтересирани повеќе премиерлигаши, но Јунајтед се фаворити, тврди „Дејли мирор“. 23-годишниот Португалец на „Олд Трафорд“ би бил совршена замена за неговиот славен сонародник Кристијано Роналдо, кој си замина во декември.

Јунајтед претходно понудиле ниски 3 милиони фунти за позајмица до крајот на сезоната, нешто што било одбиено од генералниот директор на Атлетико, Мигуел Анхел Хил, кој сепак, им објавил на „ѓаволите“ дека преферира да ја склучи зделката со нив. Покрај Јунајтед за Феликс се заинтересирани и Арсенал и Челси.

Scroll to Top