Top Sport

Тевез не гледал многу мечеви од Мундијалот, но навистина му се допаѓала Франција!

Поранешниот аргентински напаѓач Карлос Тевез открива дека не ги гледал сите мечеви на Светското првенство, но му се допаѓало што неговите деца го извикуваат името на Лео Меси и ги слават неговите голови на патот до светската титула.

Аргентина ја победи Франција на пенали во драматичното финале за прва титула по 36 години, но Тевез вели дека уживал во гледањето на Французите и додава дека уште му се нема јавено на својот поранешен соиграч Лео Меси да му ја честита титулата.

„Искрено, не гледав многу од Светскот првенство во Катар, иако ја следев Франција, бидејќи тоа беше репрезентација чија игра ми се допаѓаше. Не му пишав на Меси бидејќи сигурно неговиот телефон беше полн со пораки. Ме направи среќен што моите деца го извикуваа неговото име кога ги славеа головите“, вели Тевез.

Тевез, по повлекувањето од фудбалот беше тренер на Росарио Сентрал, со кои стигна до средината на табелата, пред да си замине од клубот во октомври по крајот на сезоната.

Scroll to Top