Атлетико Мадрид го победи Бетис со 1:0 и теоретски обезбеди место во Лигата на шампионите во наредната сезона. Атлетико има девет поени повеќе од петтиот Виљареал и во случај „жолтата подморница“ да победи на сите три натпревари до крајот Атлетико има подобар меѓусебен скор.
Атлетико до победата стигна со играч помалу, во 57 минута поради груб старт црвен картон доби Марио Ермозо. Клучниот момент на мечот се случи во 74 минута, кога по центаршутот на Караско, Диего Коста со глава го совладата голманот Марин.
Претходно, во првото полувреме ВАР им поништи два гола на фудбалерите на Атлетико.
Бетис доминираа во поседот на топка но не успеаја да го најдата пато до мрежата на Облак.
Квадрдадо имаше добра шанса во првиот дел, неговиот удар заврши крај голот, а во второто полувреме Лорен Морон во 51 минута излезе сам пред Облак но го промаши голот. Последната шанса ја имаше Фернадеш во 95 минута, неговиот удар го одбрани голманот на Атлетико.