Top Sport

Јуве од белата точка се спасија од пораз против Аталанта (Видео)

Јувентус со два гола од пенал се спаси од пораз против Аталанта. Во дербито на 33 коло Јувентус и Аталанта одиграа 2:2. На стадионот во Торино заврши серијата од 12 победи во низа во која беа фудбалерите на Аталанта.

Фудбалерите на Џанпјеро Гасперини одиграа брилијантен меч, особено во првиот дел кој го добија со 1:0. Голот за предност го постигна Дуван Запата в 16 минута.

Јуве израмни од пенал во 52 минута преку Роналдо. Тоа беше првиот директен удар на фудбалерите на Јувентус кон голот на противникот. На пеналот му претходеше играњето со рака на Де Рон.

Нов шок играчите на Маурицио Сари доживеаја во 81 минута кога Малиноски го совлада Шчешни.

Јувентус од пораз се спасија во 90 минута, повторно стрелец беше Роналдо од пенал. Претходно со рака пред својот гол играше Мјуриел.

Јувентус е лидер со 76 бода, додека Аталанта остана на третото место со 67 бода.

Scroll to Top