Атлетико Мадрид го декласира Реал Мадрид со 5-2 во градското дерби од седмото коло на Ла Лига, постигнувајќи пет гола против ривалот за првпат по речиси 75 години. Ова е едвај четврти пат во историјата „душекчиите“ да постигнат најмалку пет погодоци против „кралевите“.
Последното слично достигнување се случи во ноември 1950 година, кога Атлетико славеше со 6-3.
Овој пораз е прв за Реал Мадрид сезонава под водство на Чаби Алонсо, откако тимот претходно имаше серија од шест победи по ред во шампионатот и триумф во првиот дуел од групната фаза на Лигата на шампионите.
За Реал, поразот има и друга негативна страна – последен пат примиле пет гола во натпревар од шампионатот во октомври 2018 година, кога беа поразени со 1-5 од Барселона.