Атлетико Мадрид експресно поставија нова плоча со името на голманот на Реал, Тибо Куртоа, која се наоѓа во алејата на великаните на „Ванда Метрополитано“. Секој што одиграл најмалку 100 натпревари за Атлетико, добива ваква чест.
Тибо Куртоа, како позајмен играч од Челси, три сезони го носеше дресот на Атлетико.
Плочката со името на Куртоа ја уништија навивачите на Атлетико, откако тој по финалето со Ливерпул во Лигата на шампионите, изјави дека бил на „Вистинската страна на историјата“.
Куртоа одигра три сезони (2012-2014) во Атлетико, освојувајќи титула од Ла лига (2014) и од Лига Европа (2012), но и беше дел од тимот кој беше поразен од Реал Мадрид во финалето на ЛШ во Лисабон со 4:1 по продолженија.
Градоначалникот, Мартинез-Алмеида, кој е голем навивач на Атлетико не можеше да остане без коментар.
„На добрата страна на историјата, а плачеше со нас во Лисабон“, изјави градоначалникот.
Изјавата на Куртоа ја коментираше и капитенот на „јорганџиите“, Коке, кој со Белгиецот бил цимер во периодот додека тој беше во клубот.
„Лично, имам добри односи со него, бидејќи бевме цимери. Но, мое мислење е дека тој згреши. Мораш да се сеќаваш од каде си пристигнал. Но, тоа се негови зборови и мора да се почитуваат. Но, нормална и е реакцијата на навивачите на Атлети“, посочува Коке.