Top Sport

Атлетико прави рокада на позицијата лев бек

Атлетико Мадрид до крајот на преодниот рок би можел да реализира два трансфери.

Ренан Лоди е блиску до преселба во Нотингем Форест откако денеска беа финализирани последните детали. Англискиот клуб, за позајмицата ќе палти 5.000.000 евра, а следното лето под одредени услови ќе го откупи неговиот договор за 30.000.000 евра.

Позицијата на Лоди, Атлетико ќе ја пополни со Серхио Регијон.

Шпанецот не е во плановите на Антонио Конте, а според медиумите има желба да се врати во родниот град.

Тој од Реал, за 30.000.000 евра пред две години се пресели во Тотенхем.

Scroll to Top