Top Sport

Атлетико против Гранада ја прекина лошата серија (Видео)

Атлетико Мадрид ја победи Гранада со 1:0 во последниот меч од саботната порграма во Ла Лига. „Јорганџиите“ со оваа победа ја прекинаа низата од три натпревари на кои немаа победа и на кои беа без постигнат гол.

Клучниот момент на натпреварот се случи во шестата минута кога Саул од аут го проигра Коке, а капитенот на Атлетико го проигра Кореа кој рутински ја заврши акцијата.

За коке ова беше 68 асистенција во ла Лига во последните десет години. Во овој сегмент се наоѓа на четвртото место во Шпанија. Пред него се само Меси и Бензема, а ист број на асистенции има Луис Суарез.

Атлетико со оваа победа дојде до 39 бод со кој стигна до четвртото место на табелата.

Scroll to Top