Top Sport

Јувентус падна во градот на љубовта (Видео)

Фудбалерите на Верона дефинитивно се хит во Серија А. Тие вечерва на „Бентегоди“ успеаја да го совладаат актуелниот првак Јувентус со 2:1.

Јувентус одигра просечен меч во Верона, иако имаше шанси за победа. Во првиот дел рамката од голот беше сојузник на голманот на Верона по ударите на Кристијано Роналдо и Даглас Кошта.

ВАР во првиот дел и поништи гол на Верона.

Кристијано Роналдо го постигна првиот гол на натпреварот во 65 минута. Португалецот постигна гол и на десеттиот гол во низа во Серија А и стигна до бројката 20 во сезоната.

Роналдо со ова остварување се запиша во историјата на „страта дама“ и италијанскиот фудбал.

Верона израмни во 76 минута кога искусниот Фабио Борини ја искористи грешката на Миралем Пјаниќ.

Клучниот момент на мечот се случи кога Верона доби пенал. По прегледувањето на снимката беше утврдено дека Бонучи играл со рака пред својот гол.

Ветеранот Пацини во 84 минута го испрати Шчесни на едната, а топката на другата страна и го постави конечниот резултат.

Јувнетус по третиот пораз во сезоната остана на 54 поени, утре Интер ќе има можност со евентуална победа над Милан да се израмни со лидерот на табелата. Верона со оваа победа „скокна“ на шестото место со 34 бода.

Scroll to Top