Атлетико Мадрид го идентификувале Мемфис Депај како потенцијална замена за Жоао Феликс, кој е пред комплетирање на позајмицата во Челси, тврдат шпанските медиуми.
Феликс веќе е во Лондон, каде што ќе потпише договор на шестмесечна позајмица (без опција за купување) за фантастични 11 милиони фунти, по што веднаш побарале замена за сезоната во која не им оди најдобро. Барселона нема проблем да се раздели со холандскиот напаѓач и очекува „фер“ понуд од Атлетико, иако поради тоа што договорот му завршува на крајот на сезоната, немаат многу простор за преговори.
Депај, исто така беше заинтересиран и за враќање во Премиерлигата, со својот поранешен клуб Манчестер јунајтед, но и други клубови, кои се подготвени да му дадат пред-договор на подолго време.