Top Sport

Влхова со победа на ноќната „класика“ во Флахау

Словачката Петра Влхова не дозволи Микаела Шифрин да го помине рекордот на Линдзи Вон од 82 победи во Светскиот куп во алпско скијање, откако ја заддржа предноста од првото возење за победа на елитната ноќна слаломска трка во Флахау, Австрија.

Влхова, која немаше најдобар старт на сезоната, имаше комбинирано време од 1:51.95, за 0.43 секунди подобро од времето на Шифрин, додека третото место го освои Германката Лена Дир со 0.85 секунди послабо време.

Шифрин останува лидер во слалом со 605 поени, пред Швајцарката Венди Холденер (470), која беше четврта во Флахау и Влхова со 460 поени. Во трката за големиот глобус, Шифрин има огромна предност со 1.195 поени пред Влхова со 796.

Scroll to Top