Aтлетико Мадрид пропушти шанса да се искачи на првото место во Ла лига, откако на гостувањето во Баскија кај Алавес одиграа само 1:1.
По првото полувреме без голови, „јорганџиите“ дојдоа во водство со нов гол на Алваро Мората во 70-тата минута, но домашниот тим успеа да израмни во 83. минута со голот на Лукас Перез.
Со поенот, Атлетико се израмни со изненадувачкиот лидер во Шпанија, Гранада, кои имаат и натпревар помалку. Вечерва, Барселона со победа над Валјадолид би се искачила на првото место на табелата. Алавес, пак, се на 13. место во Ла лига.