Најдобриот стрелец во Примера и еден од најзаслужните за историскиот успех на Џирона, Артем Довбик (26) се наоѓа пред трансфер во Атлетико Мадрид.
Довбик сезоната 2023/2024 ја заврши со 24 гола, а Џирона го освои третот место и се пласира во Лигата на шампионите.
Но Украинецот, како што сега стојат работите, во Лигата на шампионите нема да игра за Џирона туку за Атлетико.
Шпанските медиуми тврдат, менаџерот на Довбик се договорил со Атлетико. За да биде реализиран трансферот Атлетико ќе мора да ја активира откупната клаузула која изнесува 40 милиони евра.
Покрај трансферот на Довбик, Атлетико е блиску да реализира уште еден трансфер. Во Мадрид треба да се пресели и столбот на одбраната на Реал Сосиедад, Робин Ле Норман.
За него „јорганџиите“ ќе треба да издвојат меѓу 25 и 30 милиони евра.