Top Sport

Атлетико се уште не и се предава на Барса, минимален триумф над Еибар (видео)

Тимот на Атлетико Мадрид нема намера пред време да се откаже од трката за шампионската титула во Ла лига и по 33. Коло. Денеска избраниците на Чоло Симеоне нагости кај Еибар триумфираа со 0-1 со голот на Лемар во 85 минута.

Гостите од Мадрид беа подобриот противник во текот на целиот натпревар, а домаќините кои немаат посебно големи амбиции во првенството не беа голема закана кон голот на Облак.

Моментно Атлетико е втор на табелата со заостанување од 6 бода зад Барселона која вечерва го игра натпреварот од ова коло на домашен терен против Реал Сосиедад.

Scroll to Top