Top Sport

Возбудливо реми во Лондон, Фулам доцна почна да победува (видео)

На „Градскиот стадион“ во Лондон фудбалерите на Вест Хем и Лестер одиграа возбудлив нерешен дуел 2-2. Головите за домаќините беа дело на Антонио и Перес, а гостите двапати израмнуваа. Првин со голот на Варди, а потоа во 92 минута преку Барнс.

Србинот Александар Митровиќ му донесе три бода на Фулам со голот постигнат во 53 минута на дуелот против Евертон.

На останатите два натпревари од денешната пладневна програма Вотфорд како гостин со 1-2 славеше против отпишаниот
Хадерсфилд, а со најнепопуларниот резултат заврши мечот меѓу Вулверхемптон и Брајтон.


Scroll to Top