Челниците на Атлетико Мадрид се заинтересирани за фудбалерот на Борусија Менхенгладбах, Маркус Тирам, пренесува „Лекип“.
Атлетико во неделата го испрати Матеус Куња на позајмица до крајот на сезоната во Вулверхемптон и ќе се обиде да го ангажира Тирам до крајот на јануари.
Францускиот фудбалер има договор со Борусија до крајот на сезоната, а веќе неколку пати одбиваше да ја продолжи соработката со германскиот клуб. Покрај Атлетико, најголем интерес за Тирама покажаа Баерн, Интер и Њукасл.
Борусија сака да го продаде францускиот напаѓач веќе во зимскиот преоден рок, бидејќи Тирам би можел да го напушти германскиот клуб без обештетување на крајот од сезоната. Клубот од Менхенгладбах одреди отштета од 20 милиони евра за Тирам, кој планира да го смени клубот дури на крајот на сезоната.
„Лекип“, наведува дека Атлетико во следните неколку дена ќе се обиде да го убеди Тирам да се пресели во Мадрид, иако Французинот наводно има усмен договор со Баерн.
Маркус е син на легендарниот француски репрезентативец, Лилијан Тирам.
Маркус Тирам (25) е член на Борусија од 2019 година, а претходно играше за Генгамп и Сошо. Ги помина сите младински селекции на француската репрезентација, а за првиот тим на „триколорите“ настапи на девет натпревари.