Top Sport

Атлетико со „џентлменски договор“ со Барселона околу Гризман?

Атлетико Мадрид се договориле со Барселона да не се обидуваат да го донесат Антоан Гризман во Каталонија, сè додека играчот не поднесе барање за трансфер, и во исто време се обидуваат да го убедат Французинот да остане на „Ванда метрополитано“, јавува „Марка“.

Атле почнале со преговорите со Гризман и само директно со него, откако во шпанските медиуми се напишаа многу шпекулации околу иднината на фудбалерот, кои според клубот влијаат лошо на неговата форма.

Гризман имаше мал пад на формата на почетокот на сезоната, и Атлетико сакаат да го избегнат ова. Клубот е подготвен да му понуди подобрен договор, и му ветуваат дека ќе донесат четири врвни фудбалери како засилувања за следната сезона.

Од Барселона пак, ветиле дека ќе постапуваат со „еднаква почит“ кон Атлетико како и досега, и ветуваат дека нема да разговараат со Гризман сè додека тој не реши дека ќе заминува.

Гризман коментираше за својата иднина од кампот на француската репрезентација во Париз.

„Дали ќе останам во Атлетико или не, таа одлука ќе биде донесена пред да одиме на Светското првенство. Сакам во Русија да немам такви мисли. Сакам да освојувам титули и мислам дека тоа го можам со мојот тим. Исто така имам што да научам од Диего Симеоне“, изјави Гризман.

Scroll to Top