Атлетико го победи Реал Сосиеда во последниот натпревар од саботната програма во Ла Лига. Победата на „јорганџиите“ има ја донесоа Диего Годин и Фелипе Луис.
Атлетико, против ривалот од Баскиа деминираше во поголемиот дел од натпреварот, а добрата игра ја надополни со два гола и барем за момент со челната позиција на табелата.
Добрата игра и триумфот на Атлетико ја најави капитенот Диего Годин во 45.минута, а ја потврди левиот бек Фелипе Луис со спектакуларен гол на почетокот на второто полувреме.
Во наредното коло Атлетико ќе му гостува на Леганес, а Сосиедад ќе ја пречека Севилја.