Актуелниот шпански шампион, Атлетико Мадрид, конечно, се „разбуди“ и со голема 1:3 победа на гости кај Реал Бетис го презеде четвртото место на табелата од страна на клубот од Севилја.
На „Бенито Вилјамарин“, тимот на Диего Симеоне дојде во рано водство, кога Жоао Феликс уште во втората минута од мечот постигна гол по убавата асистенција на Анхел Кореа. Бетис се „врати во живот“ во финишот на полувремето, кога Кристијан Телјо постигна фантастичен гол од далечина.
По една брза акција во 63. минута, Маркос Љоренте му даде шанса на Жоао Феликс да постигне уште еден гол, пред Томас Лемар во 80. минута да стави печат на победата на „рохибланкос“.
Атлетико сега е на 4. место со 48 поени, колку што имаат и Барселона пред нив (со натпревар помалку), додека Бетис се петти со 46 поени.