Атлетико Мадрид ја официјализираа соработката со Бразилецот Ренан Лоди. За 21 годишниот фудбалер, кој ќе го наследи сонародникот Фелипе Луис на позицијата лев бек, Атлетико на Атлетико Паранаенсе им платија 25 милиони евра.
Трансферто на Лоди беше најавен уште пред две недели, но Бразилците одбија најпрвин 18, а потоа и 21 милион евра. Ја прифатија третата понуда од 25 милиони евра, Лоди со Атлетико потпиша договор до јуни 2025 година.
? | Acuerdo con el @AthleticoPR para que @renan_lodi se convierta en nuevo jugador rojiblanco ?⚪
?? El futbolista brasileño ya ha firmado su contrato para las próximas 6 temporadas.
? ¡Bienvenido! ?
? https://t.co/Xqyd9Iky6K#AúpaAtleti #BienvenidoLodi pic.twitter.com/NK1hD4KdG7— Atlético de Madrid (@Atleti) July 7, 2019
„Среќен сум што му се приклучив на еден голем клуб каков што е Атлетико. Среќен сум што ќе работам со Диего Симеоне кој е еден од најдобрите тренери во светот“, изјавил Лоди.
Атлетико ова лето остана без опциите на позицијата лев бек, Лукас Ернандез се пресели во Баерн Минхен за 80 милиони евра, а Фелипе Луис стана слободен играч. За очекување е дека покрај Лоди, Диего Симеоне ќе се обиде да донесе уште еден играч на оваа позиција.
Лоди за кого интерес покажувале Реал Мадрид, Шахтјор и Лил е петтото засилување во преодниот рок по Жоао Феликс, Маркос Љоренте, Фелипе и Ектор Ерера.