Top Sport

Ленард со три збора се збогувал со тренерот

Каваи Ленард ги напушти Торонто Репторс по само една сезона во која успеа франшизата од Канада да ја искачи на врвот во НБА лигата. Сосема заслужено популарниот „Канџа“ беше МВП на финалната серија, во која Репторс ги добија Голден стејт Вориорс со 4-2.

Ленард ја заврши својата работа во Торонто и реши да се насочи кон нови предизвици. Тој наредната сезона ќе игра за Лос Анџелес Клиперс каде ќе му се приклучи на својот добар пријател Пол Џорџ.

„Канџа“ реши да замине од Репторс иако многумина веруваа дека по големиот успех тој ќе остане во тимот. Еден човек не е изненаден од одлуката на Ленард, тоа е тренерот на Репторс Ник Нурс.

„Мислам дека не можете да го обвинувате што сакал да се врати дома. тој тоа ми го напиша и во пораката: ‘Се враќам дома’. Само му кажав дека сменил многу животи со она што го направи во Торонто, а мојот посебно. Му се заблагодарив за она што го направи, а ние ќе гледаме кон иднината, кон освојување на нова титула“, изјавил Нурс за американските медиуми.

Scroll to Top