Top Sport

Атлетико во Ријад без Гризман и Савиќ

Фудбалерите на Атлетико Мадрид, последни пристигнаа во Саудиска Арабија, каде од утре до недела ќе се игра турнирот во Суперкупот на Шпанија.

Атлетико, во второто полу-финале на турнирот, во четврток ќе игра против Атлетик Билабо.

Тренерот на актуелните шпански шампиони, Диего Симеоне, за овој дуел и евентуалното финале, ќе биде без двајца важни играчи. Во Ријад не допатуваа Стефан Савиќ и Антоан Гризман.

Савиќ еден месец е надвор од тимот поради повреда, додека Гризман, не успеал да се рехабилитира од повредата со која се здоби во четвртокот, во Купот на Шпанија, против третолигашот Рајо.

Scroll to Top