Top Sport

Атлетико заинтересирани за Фабијан Руиз

Фудбалскиот клуб Наполи, поради финансиската криза, во летниот преоден рок ќе мора да продаде некои од своите најдобри фудбалери.

Медиумите, тврдат дека Калиду Кулибали сигурно ќе замине, наводно Баерн Минхен се фаворити за неговиот потпис, а трансфер веројатно ќе направи и Фабијан Руиз.

Шпанскиот репрезентативец би можел да се врати во Ла Лига.

Шпекулациите говорат дека Атлетико Мадрид биле подготвени да издвојат 50 милиони евра за Рузи. Интерес за овој фудбалер покажуваат и најголемите клубови во Шпанија, Реал и Барселона.

Претседателот на Наполи, Аурелиот Де Лаурентис, би подготвен да го продаде фудбалерот за 80 милиони евра.

Фабијан Руиз, во 2018 година, од Бетис пристигна во Наполи за 30 милиони евра.

Scroll to Top