Top Sport

Атлетико замената за Трипе ја најдоа во Валенсија

Атлетико Мадрид ќе се активира во зимскиот преоден рок, со цел да најде замена за Киран Трипие. Десниот бек, пред три дена го напушти клубот и се пресели во Њукасл јунајтед.

Атлетико се поврзуваше со Зеки Челик од Лил и Мукиеле од Лајпциг, меѓутоа според шпанските медиуми, клубот се решилза повтино решение.

Во наредните денови на „Ванда Метрополитано“, би требало да пристигне Даниел Вас. Наводно преговорите помеѓу Атлетико и Валенсија влегле во завршна фаза.

Вас има договор до крајот на сезоната, поради што Атлетико за трансферот би издвоиле само 1.000.000 евра.

Scroll to Top