Мауро Икарди нема да остане во Пари Сен Жермен. Аргентинецот сезонава е позајмен во Париз, а „светците“ имаат опција да го откупат неговиот договор од Интер за 65 милиони евра.
Челниците на ПСЖ имаат желба да го откушат договорот на Икарди, меѓутоа Аргентинецот не сака да остане на „Паркот на Принцовите“.
Неколку тимови покажуваат интерес за Икарди, а како што информираат шпанските медиуми од Атлетико Мадрид стапиле во контакт со сопругата на фудбалерот Ванда Нара, која воедно е и негов менаџер.
Атлетико се во потрага по напаѓач кој ќе го замени Диего Коста. Бразилецот со шпански пасош ќе го напушти клубот во преодниот рок.
Икарди од почетокот на сезоната одиграл 31 натпревар за ПСЖ и постигнал 20 голови.