Top Sport

Атрактивната мајка го засрами младиот Заниоло: Мамо, имаш 40 години! (галерија)

Талентот на Рома, Николо Заниоло мораше да ја потсети неговата мајка на годините, откако таа постираше серија секси селфи-фотографии на Инстаграм.

41-годишната Франческа Коста на Инстаграм има повеќе од 169.000 следбеници, кои често ги почестува со атрактивни фотографии, но ова го налути 19-годишниот фудбалер на Рома.

„Сопри мамо! Зошто правиш така со устата? Имаш 40 години“, коментирал Заниоло на една од фотографиите, кои подоцна беа избришани.

Заниоло блеска за „волчицата“ оваа сезона откако дојде од Интер во текот на летото. Тој постигна два гола против Порто во Лигата на шампионите и веќе има 22 настапи со вкупно 5 гола, предизвикувајќи го дури и селекторот Роберто Манчини да го повика во репрезентацијата.

Scroll to Top